Нови разговори за иранската нуклеарна програма

Тим на Меѓународната агенција за атомска енергија треба да се сретне со ирански официјални лица во Техеран за да разговараат околу контроверзната нуклеарна програма на Иран. Се очекува тимот на агенцијата да ги притисне иранските официјални лица за пристап до информации за кои агенцијата смета дека одиграле важна улога во врска со сомнителната програма за нуклеарно оружје.
Херман Накертц кој ја предводи нуклеарната истрагата на меѓународната агенција изјави дека неговиот тим е "подготвен да оди" да Парчин веднаш штом Техеран ја одобри посетата.
Агенцијата се сомнева дека Иран има направено експлозивни тестови со евентуални нуклеарни апликации кај Парчин, објект југоисточно од иранскиот главен град. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека тој уште во 2007 година најавил дека Иран "станал нуклеарен" преку развивање на сите аспекти на мирна атомска технологија.