ЕК ќе ја одобри следната транша финансиска помош за Грција

Европската комисија очекува одлуката за одобрување на траншата финансиска помош за Грција да биде донесна на денешната седница на Еврогрупата.
На средбата на Еврогрупата, грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас ќе информира за окупот на грчките обврзници, со што беа инкасирани 31,9 милијарди евра. Грчкиот премиер Андонис Самарас е веќе во Брисел каде ќе учествува на конференцијата на Европската народна партија и на самитот на Европската унија.