Експлозија на бомба во сириското министерство за внатрешни работи

Во сирискиот главен град Дамаск експлодирала бомба во близина на министерството за внатрешни работи, јавуваат новински агенции. Државната телевизија јави дека бомбата била поставена во самиот влез на министерството. Се уште нема информации за евентуални жртви од инцидентот.