Толимир осуден на доживотна затворска казна во Хаг

Хашкиот трибунал го осуди денеска поранешниот началник на Генералштабот на војската на Република Српска Здравко Толимир на доживотен затвор поради злосторствата во Сребреница. Судот Толимир го прогласи за виновен за геноцид, учество во геноцид, уништување и злосторства против човештвото.
Како шеф на безбедносните служби Толимир имал должност да ги заштити воените заробеници, што не го сторил, изјави обвинителот, додавајќи дека обвинетиот на ниту еден начин не се дистанцирал од злосторствата во Сребреница.