Јахјага: Дијалогот со Белград е најдобар начин за нормализација на односите

Косовскиот претседател Атифете Јахјага денеска изјави оти дијалогот со Белград е најдобар начин за нормализација на односите. Таа им порача на граѓаните од северниот дел на земјата дека Косово е нивна татковина. Јахјага во нејзиното годишно обраќање пред парламентот истакна дека властите ќе воспостават ред и владеење на законите , дека ќе бидеат расформирани сите структури поврзани со организираниот криминал, илегалната трговија и корупцијата со цел враќање на
довербата на граѓаните од тој дел на земјата во институциите на Косово. Таа апелираше и до српските власти да „престанат со финансирање и поддршка
на илегалните и криминалните структури во северниот дел на Косово“, кои како што вели „ги држат во заложништво обичните граѓани“.