Панета во ненајавена посета на Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска пристигна во Авганистан во ненајавена дводневна посета. Панета ќе се сретне со воените команданти и претседателот Хамид Карзаи. Неговата посета следува откако меѓународната коалициска мисија започна со предавањето на безбедносната контрола врз авганистанските сили, во пресрет на повлекувањето на странските сили до крајот 2014 година.
Претходно во Кувајт Панета изјави дека претседателот Барак Обама во текот на месецов ќе донесе одлука колку американски војници ќе останат во Авганистан по 2014 година. Во земјата сега има околку 60 илјади американски војници. Карзаи предупреди дека неговата влада може да ги суспендира преговорите во иднина доколку американските трупи не ја предадат сите затвореници кои ги чуваат во затворот Баграм. Американските власти стравуваат дека ако ги предадат дел од нив ќе бидат ослободени и вратени на боиште.