МНР: жалење што Македонија не доби датум за преговори

Од средбата на шефицата на кипарската дипломатија Ерато Козаку Маркулис со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.

Македонското министерство за надворешни работи го уважува фактот што Советот на Европската унија го потврди напредокот на Македонија, но изразува жалење што и овој пат не ја донесе, како што се наведува во соопштението, заслужената одлука за почеток на пристапни преговори. Министерството сепак, како што се додава, го бележи залагањето на Советот да ја конкретизира перспективата за почеток на преговорите и ја поздравува нагласената можност за донесување на одлуката за отворање на пристапните преговори во претстојниот период. „Македонија посакува и ќе продолжи посветено да работи заклучоците на Советот да се процесуираат навремено и успешно во претстојниот мандат на Ирското Претседателство, во првата половина на следната година, со донесување на одлуката на Советот за почеток на пристапните преговори со Македонија во јуни 2013 година, наведува македонското МНР.