Бугарија нема да посочи датум за Македонија

Бугарија ќе биде меѓу земјите кои нема да посочат датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, заклучиле бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и премиерот Бојко Борисов на денешната средба во Софија на која тема била македонската евроинтеграција. Како што соопшти кабинетот на бугарскиот претседател, Плевнелиев и Борисов се согласиле дека евроинтеграцијата на Македонија може да се деблокира „но не преку пропаганда и маркетиншки агенции туку со реални активности за засилување на добрососедските врски меѓу двете земји“.