Германија бара „Патриот “ да биде поставен на 10 километри од сириската граница

Германија поставува услов за испраќање на ракетниот систем „Патриот“во Турција и бара тој да бидe поставен на најмалку 10 километри од границата со Сирија, јавуваат германските медиуми. Причината за тоа е што системот „Патриот “ има одбранбен карактер и затао вооружувањето не треба да биде сместено во непосредна близина на границата. Германската Влада минатата недела донесе одлука за поставување на „Патриот“ во Турција, а германскиот Бундестаг, за тоа ќе одлучува во текот на неделата. Заедно со „Патриот“треба да бидат испратени и околу 400 војници, а мандатот на нивната мисија е ограничен од 31 јануари 2014 година.