Половина милион бегалци од Сирија

Камп за бегалци во Турција

Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации соопшти дека бројот на Сиријци кои ја напуштиле земјата поради воениот конфликт изнесува над половина милион. Во соопштението е наведено дека сириските бегалци се засолнети во Турција, Либан, Јордан, Ирак и Северна Африка. Според нивните податоци дневно 3 илјади луѓе ја напуштаа Сирија поради 20 месечниот конфликт.