Израел спроведе рација во НВО во Рамалах

Израелската полиција спровела рација во три палестински невладини организации во Рамалах кој се смета за главен град на Западниот Брег. Претставници на невладините организации тврдат дека рацијата била спроведена во раните утрински часови. Во соопштението на една од невладините организации е наведено дека израелската полиција им ја запленила компјутерската опрема од канцеларијата. Ова е прва рација откако палестинскиот статус во ОН беше унапреден во „држава не членка на ОН“. Палестиснките власти го обвинуваат Израел дека со нивните постапки ги казнуваат за случувањата во ОН. Од Израел се уште нема коментар за инцидентот.