Тројца осудени на смртна казна во Кина

Судот во Кина осуди тројца мажи на смртна казна поради обвинение за обид за киднапирање авион. За истиот инцидент, на доживотна казна затвор се осудени уште четворица обвинети. Инцидентот се случил во јуни кога припадници на малцинска група во Кина пробале да киднапираат авион , но во обидот не успеале откако патниците и екипажот им се спротивставиле.