Љубе Бошковски повторно на суд

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски денеска повторно седнува на обвинителна клупа за помагање во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.
Бошкоски според обвинението не е меѓу првообвинетите и се товари дека заедно со свои блиски луѓе, меѓу кои и шефот на обезбедувањето Зоран Трајковски, помогнале да не се откријат сторителите на двојното убиство.
Убиството беше извршено во 2001 година во кафуле во Капиштец. Тушевски беше убиен со 11 куршуми, а Јанев со еден.
За двојното убиство обвинителството отвори истрага против 15 лица. Од нив тројца српски државјани, кои се во бегство, се товарат дека се директни извршители на убиството додека за помагање се осомничени поранешниот министер Љубе Бошкоски и други поранешни и актуелни полициски функционери и службеници.
Според најавите, против Бошкоски ќе сведочи заштитен сведок, откако судот ја одби жалбата на адвокатите кои бараа да се отфрли заштитениот сведок.
Судот ја одби и другата жалба со која адвокатите бараа да запре истрагата против Бошкоски во овој случај.