Мал прогрес во заштитата на жените во Авганистан

Обединетите Нации соопштија дека пред Авганистан е долг пат во остварувањето целосна заштита на жените и девојчињата од насилство.
Во извештајот на мисијата на ОН во Авганистан УНАМА сепак се наведува дека извесен прогрес е постигнат со примената на три години старата легислатива која го криминализира насилството врз жените.
Се нотира дека само мал процент од насилството се пријавува.