Намалено насилството во Авганистан

Намалено е насилството во населените места во Авганистан, се наведува во новиот извештај на американскиот Стејт департмент. Во документот се додава дека Пакистан се уште останува безбедносен ризик поради тоа што милитантите се засолнуваат во земјата при подготовките на терористички напади. Во извештајот е наведено дека безбедноста во поголемите градови во Аваганистан значајно е подобрена. Со три процентно намалување на бројот на милитантски напади во овие области.