Осуда за атентатот на директорот на авганистанското Министерство за жени

Меѓународната “Амнести Интернешнл” го осуди атентатот на Најија Сидики, извршниот директор на авганистанското министерство за жени во провинцијата Лахман. Според организацијата, станува збор за терористички акт против жените во Авганистан. Амнести ги прозива авганистанските безбедносни сили за неуспех во заштитата на активистите за женските права во земјата.