„Стандард енд Пурс“: Грција нема да ја напушти еврозоната

Грција со сегашната Влада нема да излезе од еврозоната, изјави Мориц Крејмер од агенцијата за рејтинг „Стандард енд Пурс“. Крејмер посочи дека шансите Грција да излезе од еврозоната се 33 процени, додавајќи дека таквата одлука ќе зависи од Атина, а не од политичарите во Европа. Крејмер тврди дека излегувањето на Грција од еврозоната не е закана за единството на монетарната унија.