Протерани Сиријци од амбасада во Германија

Германија протера четворица Сиријци вработени во сиријската амбасада во Берлин поради влошување на односите. Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле изјави дека тоа е јасен знак оти Германија ги сведува на минимум односите со претставници на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Се очекува Сиријците да ја напуштат Германија до четврток.