Дачиќ: Србија е најблиску до датум за преговори досега

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека министерите за надворешни работи на ЕУ денеска треба да одлучат дали во март Србија ќе добие датум за почеток на преговори а во јуни веќе да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Тој истакна дека извештајот на ЕК за напредокот на Србија никогаш не бил подобар и дека земјата сега е најблиску до можноста за добивање на датум за почеток на преговори. Дачиќ истакна дека за тоа дополнително приодонесува и примената на договорот за интегрирано управување со граничните премини, затоа што во спротивно Србија за добивање датум за преговори ќе требало да чека до 2014 година.