Германија бара од Италија да ги исполни економските реформи

Германија ја повика Италија да ги спроведе докрај економските реформи, откако премиерот Марио Монти најави дека ќе се повлече од функцијата и дека поранешниот лидер Силвио Берлускони планира враќање во политиката. Портпарлката на германското министерство за финасии соопшти дека не се очекува дестабилизација на еврозоната, но дека Германија очекува Италија да продолжи со исполнувањето на обврските кои ги договори со ЕУ и дека докрај ќе ги спроведе економските реформи.
По најавата на Монти дека ќе се откаже од фунцијата, денеска берзанскиот пазар забележа мал пад.
Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле за весникот Шпигел изјави дека Италија не смее да сопре сега, кога исполни само две третини од економските реформи, затоа што ако застане тука тогаш не очекува нова криза која нема да ја погоди само Италија туку цела Европа.