Актуелната власт победник на изборите во Романија

Централно – левичарската владина коалиција е победник на парламентарните избори во Романија, со освоени околу 60 насто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати. Со ова всушност се потврдуваат првичните предвидувања за исходот од изборите, односно дека победник ќе биде Социјал – Либералната Унија, предводена од премиерот Виктор Понта.