Почнаа да функционираат граничните премини меѓу Србија и Косово

Јариње, 10.12.2012

Во Јариње и Мердаре од денеска функционираат гранични премиени меѓу Косово и Србија, во согласност со договорот што го постигнаа Белград и Приштина под покровителство на Европската Унија. Цариниците и полицајците од Србија и од Косово ја контролираат границата под супервизија на ЕУЛЕКС. На граничните премини, како што е деговорено, нема никакви државни симболи, а се поминува со лична карта.