Северна Кореја го одложи лансирањето на ракетата

Северна Кореја за една недела го одложи лансирањето на контроверзната ракета од долг дострел. Во образложението на комитетот за вселенска технологи се вели дека причина за одлагањето биле технички проблеми во модулот на ракетата. Пјонг Јанг тврди дека ракетата ќе транспортира сателит во вселената, но западните земји сметаат дека тоа е тест на интерконтинентален проектил кој може да има и нуклеарно полнење.Советот за безбедност на Обединетите Нации го осуди ова лансирање.