Клинтон го одложи патувањето за Мароко

Државниот секретар на САД Хилари Клинтон.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека државната секретарка Хилари Клинтон поради стомачен вирус го одложила патувањето во Мароко, кое треба да се фокусира на обезбедување поголема меѓународна поддршка за сириската опозиција. Наместо денеска, Клинтон ќе отпатува во Мароко утре. Официјални американски претставници велат дека администрацијата на претседателот Обама ќе го признае новото раководство на опозицискиот совет како единствен легитимен претставник на сирискиот народ. Се очекува Клинтон в среда во Мароко да учествува на состанокот на меѓународната организација „Пријатели на Сирија“. Русија, која е долгогодишен сојузник на Сирија, се противи на чекорите за зајакнување на опозицијата. Клинтон и нејзиниот руски колега Сергеј Лавров не успеаја да ги надминат меѓусебните разлики на разговорите минатата недела во Даблин.