Таџикистан и официјално членка на Светската трговска организација

Таџикистан денеска треба и официјално да стане членка на Светската трговска организација(СТО). На потпишувањето на протоколот за членство во седиштето на СТО во Женева ќе присуствува и таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон, кој е во работна посета на Швајцарија. Преговорите за влез на Таџикистан во СТО траеја 11 години и земјата денеска треба да стане 158 членка на организацијата.