Меси постави нов рекорд

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси.

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси постави нов рекорд за најмногу постигнати голови во една календарска година – 86. Аргентинскиот напаѓач постигна два гола во првите 25 минути на вчерашниот меч со Реал Бетис. Со тоа го урна рекордот на германскиот фудбалер Герд Милер кој во 1972 година постигна 85 голови. Оваа година 25-годишниот Меси даде 74 гола во дресот на Барселона и 12 како аргентински репрезентативец. Тој и оваа година е фаворит за наградата најдобар фудбалер на светот. Меси ја освојува Златната топка во изминативе три години. Ако ја добие и годинава, ќе стане прв фудбалер во историјата што ја добил наградата четири пати.