Хамас го поддржува примирјето

Лидерот на Хамас Калед Мешаал изјави дека го поддржува примирјето меѓу Палестинците и Израелците. Тој во неговиот говор што го одржа на исламскиот универзитет во Газа истакна дека „Отпорот е основа, но некогаш треба да се согласиме со примирје, некогаш има потреба да возвратиме со ракети а понекогаш не.“ Тој ги повтори повиците за возобновување на напорите за помирување на ривалите Хамас и Фатах.