Груевски: Плаќањето по учинок ќе опстане

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека проектот за плаќање по учинок ќе опстане. Тој додаде дека проектот е долго подготвуван, добро осмислен и работен заедно со лекарите, и дека е има за цел да им помогне на лекарите кои одговорно и посветено си ја вршат работата и да ги охрабри оние кои непрофесионално работат да станат посветени кон работата.
Груевски истакна дека доколку има какви било проблеми со бодувањата Владата е подготвена да разговара за тоа, но не и за барањето да се поништи тој систем.

Тој додаде дека се работи за клучна реформа во здравството и оти како премиер застанува зад реализацијата на овој проект, а лекарите ќе ги прими на разговор.

Груевски изјави дека лекарите биле политички мотивирани и го користеле проектот за дисквалификација на владината политика во здравството.