Египетската опозиција бара одложување на референдумот

Опозицијата на египетскиот претседател Мухамед Морси ја отфрлија неговата одлуката за референдумот за контроверзниот предлог устав. Морси денеска се откажа од декретот кој што го донесе на 22 ноември со кој си ги зголеми овластувањата и моќта по што во земјата избија насилни протести. Но неговиот портпариол соопшти дека Морси не се откажува од одлуката референдумот да се оддржи на 15 декември за предлог уставот. Лидерот на опозициската партија „Национален фронт за спас“ Ахмед Саид ја опиша „трката по референдумот како шокирачка“. Во саботата започна „национален дијалог“ кој беше блокиран од дел од опозициските партии.