Азаров повторно мандатар за нова влада во Украина

Украинскиот претседател Виктор Јанукович го назначи Микола Азаров за нов мандатар по парламентарните избори кои беа оддржани во октомври. 64 годишниот Азаров беше на премиерската функција кога Јанукович беше избран за претседател во 2010 година. Доколку парламентот го одобри неговиот мандат тогаш прва задача која го очекува е преговори со Меѓународниот монетарен фонд за заем од 9,1 милијарда долари. Претставници на ММФ се очекува да пристигнат во јануари во Киев.