Најмалку 3 луѓе загинале во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека најмалку 3 луѓе загинале при напад на американско беспилотно летало. Нападот бил извршен во Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. До сега над илјада луѓе загинале при напади со американско беспилотно летало во борба против Ал Каеда која има свои засолништва во тој регион.