Обама бара 60 милијарди долари за штетите од Сенди

Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот да одобри 60,4 милијарди долари помош за областите погодени од ураганот Сенди. Официјалните лица на погодените региони соопштија дека се потребни 82 милијарди долари за да се санираат штетите. Претставниците од Њујорк и Њу Џерси изјавија дека очекуваат Обама да бара поголема помош кога прецизно ќе се утврди штетата.