Карзаи - нападот врз шефот на разузнавањето планиран во Пакистан

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека самоубиствениот бомбашки напад во кој беше ранет неговиот шеф на разузнавањето бил планиран во Пакистан. Карзаи не ја обвини пакистанската влада дека има никаква улога во нападот, но рече дека ќе го покрене прашањето со Исламабад, како дел од истрагата во случајот. Шефот на разузнавањето, Асадулах Калид, се опоравува од повредите во нападот. Бомбаш самоубиец го активирал експлозивот сокриени на своето тело за време на состанокот со Калид во четвртокот.