Средба Груевски - Ахмети во Владата на РМ

Претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ќе оствари средба со претседателот на владиниот коалициски партнер ДУИ, Али Ахмети. Средбата ќе се одржи во Владата на Република Македонија. Во соопштението не е наведено што е повод за оваа средба и за што ќе разговараат двајцата лидери на владејачките партии.