Земјотрес и предупредување од цунами во Јапонија

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погодил северо-источниот брег на Јапонија, по што е издадено предупредување од цунами. Предвидувањата се дека е можно цунами од еден метар во регионот кој беше катастрофално погоден од земјотресот и цунамито на 11-ти март 2011-та година.