САД ги укина трговските бариери кон Русија

Аmериканскиот Сенат гласаше за трајно укинување на трговските бариери со Русија од ерата на Студената војна, потег кој би можел да ја зголеми трговијата меѓу двете земји за милијарди долари. Сенаторите исто така гласаа и за санкционирање на руските официјални лица вмешани во смртта на адвокатот за антикорупција, Сергеј Магницки. Републиканскиот сенатор, Џон Мекејн рече дека ова испраќа јасна порака до Кремљ дека секоја повреда на човековите права нема да помине без реакција од американска страна.