Бан Ки Мун загрижен за можната сириска закана

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска се сретна во Багдад каде што разговараа за можната закана од Сирија за хемиско оружје и за ситуацијата во ирачката провинција Киркук. Бан Ки Мун изрази голема загриженост за Сирија. Тој изјави дека во неколку наврати испратил писмо до сирискиот претседател Башар ал Асад со предупредување дека доколку се употреби хемиско оружје во Сирија, тогаш кој и да е одговорен за постапката ќе мора да биде изнесен пред лицето на правдата.