Јанкуловска не коментира за екстрадицијата на Алија

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска не сакаше да коментира за можна некаква поврзаност на Шукри Алија со случајот „Монструм“: Таа изјави дека во текот на вчерашниот ден лицето било предадено од косовските безбедносни сили поради издржување на тригодишна казна затвор за кривично дело насилство. Јанкуловска истакна дека нема да коментира никаква инфомација која е пласирана во јавноста во инетрес ма судскиот процес кој ќе започне за неколку денови.