Сирија:ОН и ЕУ дека си бараат оправдување за интервенција

Сирискиот заменик министер за надворешни работи Фејзал Мекдад ги обвини ОН и европските земји дека сакаат да ја оправдаат евентуалната интервенција врз Сирија со тврдењата дека земјата поседува хемиско оружје. Тој во интервју за либанска телевизија изјави дека секоја меѓународна интервенција врз Сирија би била „катастрофална“. САД во неколку наврати досега изразија загриженоста дека постои можност сирискиот претседател Башар Ал Асад да употреби хемиско оружје против својот народ. Мекдад истакна дека и доколку Сирија поседува хемиско оружје никогаш не би го употребиле против својот народ затоа што тоа би било „самоубиство.“