Сообраќајна несреќа во Скопје, повредени седум лица

илустрација

Седум лица биле повредени во сообраќајна несреќа која изутрината се случила на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Според првичните информации, до несреќата дошло при судир на комбе марка „фолксваген“ и приватен автобус. Од повредените шестмина се пренесени во Градската болница „8 Септември“, а едно лице во Ургентниот центар на скопските клиники.