НАТО одобри поставување на системот Патриот во Турција

Состанокот на земјите членки на НАТО во Брисел

Министрите за надворешни работи на државите-членки на НАТО одобрија денеска распоредување на противракетниот систем Патриот во Турција. Ова го соопшти министерот за надворешни работи на Германија, Гвидо Вестервеле. Распоредувањето на тој вид проектили е чекор за одбрана од заканата од Сирија поради постоење потенцијална опасност од проектили врз Турција од Сирија.