Русите изненадени од снегот

Русија позната по ниски температури и снег, деновиве е парализирана од интезивните врнежи снег. Снегот во Русија предизвикаа хаос во сообраќајот, а регистриран е и прекин на снабдувањето со струја во многу региони. Голем број училишта прекинаа со настава поради непроодност на патиштата и поради дефекти на системите за загревање во објектите.
Во Москва поради големите наноси на снег е редуциран сообраќајот, а градските власти најавија дека ситуацијата нема да се подобри во наредните неколку часа. Летовите од Москва и Владивосток доцнат или се откажани. Во источните делови на Русија е заведена најниската температура годинава, минус 39 степени Целзиусови.