Намален бројот на жртви од терористички напади во светски рамки

Илустрација

Студијата на независниот меѓународен Институт за економија и мир покажува дека индексот за глобален тероризам во светот е во опаѓање. Според студијата терористичките инциденти го достигнале врвот во 2007 година, но во светкси рамки од тогаш наваму бројот на жртвите е намален за 25 отсто. Според листата од 158 земји само во 31 не бил извршен никаков терористички чин. Најзагрозени земји од терористички акции се Ирак, Пакистан и Авганистан.
Истражувањата за заканите од тероризам стартуваа по терористичкиот напад во САД на 11 септермври 2001 година