Дачиќ очекува тежок состанок со Тачи

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека вечерва го очекува тежок состанок со косовскиот премиер Хашим Тачи во Брисел. Тој додаде дека на состанокот нема да се зборува за граница со Косово. Дачиќ истакна дека Белград нема што да загуби со преговорите со Приштина, туку само може да спаси нешто. Во меѓувреме дел од Србите на северот на Косово блокираат еден од премините кон Србија, јавуваат српските медиуми.