Жестоки битки околу Дамаск

Сириската организација за заштита на човекови права со седиште во Лондон соопшти дека жестоки битки се водат во јужните преградија на сирискиот главен град Дамаск. Директорот на организацијата Рами Абдел Рахман изјави дека бунтовниците се обидуваат да се пробијат во градот, но тоа им оди потешко отколку што очекуваа. Преградијата на Дамаск се дел од главните боишта уште од почетокот на конфликтот меѓу бунтовниците и сириските безбедносни сили во март минатата година. Во изминативе недели, бунтовниците зазедоа под контрола неколку воени бази вклучувајќи ја и таа што се наоѓа во близина на Дамаск. За време на 20 месечниот конфликт најмалку 40 илјади луѓе загинаа во Сирија.