Потонал трговски брод во близина на Истанбул

Трговски брод, кој пренесувал јаглен, потона денеска во близина на Истанбул поради лошите временски услови. Локалните власти соопштија дека 12-те членови на екипажот, 11 Украинци и еден Русин, се водат како исчезнати и започната е спасувачка акција. Во меѓувреме турските медиуми јавуваат дека уште еден брод кој пловел под руско знаме останал во водите покрај истанбулскиот кварт Килиос и поради невремето властите не можат да испратат спасувачки екипи кон бродот.