Расмусен: НАТО ќе го одобри турското барање

Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен изјави денеска дека е убеден оти алијансата ќе го одобри турското барање за поставување на ракетниот систем Патриот долж сириската граница со цел заштита од можни сириски напади.
Тој пред состанокот на министерите од земјите членки на НАТО во Брисел истакна дека откако ќе биде донесена одлуката системот ќе биде поставен во следните неколку недели. Што се однесува на загриженоста на Русија дека поставувањето на Патриот може да ја влоши ситуацијата, Расмусен изјави дека целта на системот е одбранбена.