Комесаријатот за човекови права во Обединетите Нации изрази загриженост за здравјето на притворената иранска активистка Насрин Сотоудех. Таа штрајкува со глад од 17- ти октомври во знак на протест поради условите во затворот и забраната за патување за нејзиното семејство. Во соопштението е наведено дека нејзиното здравје е во критична фаза. Таа отслужува 6 годишна затворска казна која се верува дека е поврзана со нејзината работа како адвокат и активисти за човекови права. Обединетите нации, ЕУ и меѓународните организации за заштита на човекови права неколку пати досега побараа од Иран да биде ослободена.