Десетици повредени и уапсени по нередите во Марибор

Од протестите во Марибор, 03.12.12

По синоќешните нереди во Марибор, словенечката полиција соопшти дека во болница се задржани 6-мина полицајци, повеќемина демонстранти, а биле уапсени 60 лица. Неколку илјади луѓе демонстрираа синоќа во Марибор барајки оставка од градоначалникот Франц Канглер, обвинувајки го за корупција. Притоа дошло до судири со полицијата, а демонстрантите кршеле излози, автобуски постојки, а запалиле и неколку контејнери.