ОН бара од Израел транспарентност за нуклеарната програма

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обраќање на Генералното собрание на Обединетите Нации

Генералното собрание на Обединетите Нации усвои резолуција со која се повикува Израел да дозволи меѓународна инспекција на неговата нуклеарна програма.Со резолуцијата, исто така, се бара од Израел веднаш да го потпише договорот за неширење на нуклеарното оружје. Сепак, оваа резолуција не е обврзувачка. Се претпоставува дека Израел има нуклеарен арсенал, но тоа досега не е потврдено.